Колачи

Бели Плазма коцки

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 40 мин.

Порција слика Величина: 8

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

200 г Мелена Плазма

140 г путер

75 г мелени ореви

100 г шеќер во прав

100 мл млеко

Фил:

1 л млеко

2 кесички пудинг од карамел

50 г брашно

200 г шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

250 г путер

Потребно е уште:

Две банани

300 г Плазма

Млеко за натопување на бисквитите

 

Декорација:

200 мл слатка павлака

1. Чекор

Помал плех со величина до 20х20 обложете го со хартија за печење.

2. Чекор

Измешајте го путерот на собна температура со останатите состојки за кората и соединете.

3. Чекор

Смесата распоредете ја рамномерно на плехот и формирајте кора. Ставете ја на ладење.

4. Чекор

Пудингот, брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер измешајте ги со малку млеко, остатокот од млекото ставете го да се вари.

5. Чекор

Кога млекото ќе зоврие, додадете го пудингот мешајќи постојано додека пудингот не згусне.

6. Чекор

Преку кремот ставете фолија и оладете го на собна температура.

7. Чекор

Изматете го путерот во пена и додавајте го лажица по лажица во филот, мешајќи постојано со миксер.

8. Чекор

Нанесете половина од филот на кората.

9. Чекор

Над филот наредете Плазма потопена во млеко.

10. Чекор

Исечете ги бананите на кругови и наредете ги над бисквитите.

11. Чекор

Над бананите додадете го останатиот дел од филот.

12. Чекор

Изматете ја слатката павлака, декорирајте по желба и оставете неколку часа да се олади во фрижидер.

Автор:

Plazma

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики