Лава колач со Плазма
Основни информации:
Време на подготовка: 25 min.
Величина: 6
Сложеност:
Состојки:
240 г чоколадо за готвење
190 г путер
4 јајца
120 г шеќер
1 ванилин шеќер
40 г брашно
80 г Мелена Плазма
Малку какао (за посипување на калапите)
1 слатка павлака
100 г свежи рибизли
1. Чекор
Чоколадото за готвење и 170 г путер стопете ги на пареа и сотавете да се олади.
2. Чекор
Во поголема чинија со миксер изматете ги јајцата и додадете шеќер и ванилин шеќер, а потоа и стопено чоколадо со путер. Додадете брашно и 60 г Мелена Плазма и со помош на дрвена лажица соединете ги сите состојки.
3. Чекор
Загрејте ја рерната на 220ºC.
4. Чекор
6 садови со дијаметар 9 цм и висина 4,5 цм намачкајте ги со останатиот путер потоа посипете ги со какао. Смесата истурете ја во садовите така што горната 1/3 да остане празна и ставете ги во рерна на 12 минути.
5. Чекор
Печените колачи извадете ги од рерна и оставете ги 5 минути да се оладат, а потоа со нож поминете на краевите и превртете ги на чинии.
6. Чекор
Колачите украсете ги со изматена слатка павлака и бобинки и потоа посипите со останата Мелена Плазма.
7. Чекор
Вашиот десерт е готов!
Автор:
Olivera Senić/Ja u kuhinji
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise