Чоколадни капкејкови со Плазма
Колачи

Чоколадни капкејкови со Плазма

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 30 min.

Порција слика Величина: 15

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

ТЕСТО:

130 г брашно

20 г какао во прав

50 г Мелена Плазма

½ кесичка прашок за пециво

100 г путер

100 г шеќер во прав

2 јајца

200 мл кефир (или јогурт)

екстракт од ванила

КРЕМ:

250 мл слатка павлака

125 г чоколадо за готвење

2-3 супени лажици Мелена Плазма

Декорација:

70 г Плазма Мини Мини

1. Чекор

Загрејте ја рерната на 200°C

2. Чекор

Сувите состојки за тесто истурете ги во сад и измешајте добро.

3. Чекор

Во друг сад изматете го путерот со миксер и додадете шеќер во прав, едно по едно јајце, кефир и екстрактот од ванила.

4. Чекор

Кога ќе се измеша се добро намалете ја брзината на миксерот и полека додајте ја мешавината од суви состојки. Мешајте многу кратко, т.е. престанете кога се ќе се соедини.

5. Чекор

Со лажица за сладолед ставете го тестото во калап за мафини кој претходно сте го обложиле со хартиени корпи.

6. Чекор

Калапот ставете го во рерна и печете 16 минути. Кога капкејковите ќе се испечат, извадете ги од рерна и наредете ги на кујнска решетка за да се оладат.

7. Чекор

Слатката павлака загрејте ја до вриење. Во посебна чинија ставете го исечканото чоколадо и потоа прелијте го со слатката павлака. Измешајте добро и оставете да се олади на собна температура, а потоа чинијата прекријте ја со најлонска фолија и ставете ја во фрижидер.

8. Чекор

Кога смесата за крем потполно ќе се олади изматете ја со миксер и додадете Мелена Плазма.

9. Чекор

Капкејковите украсете ги со чоколадниот крем и Плазма Мини Мини.

10. Чекор

Вашиот десерт е готов!

10 Чекор

Автор:

Olivera Senić/Ja u kuhinji

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Слични рецепти

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики