Плазма Парис Брест
Колачи

Плазма Парис Брест

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 2 часа

Порција слика Величина: 9

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

80 г путер

0,75 дл вода

0,75 дл млеко

Прстофат сол

10 г шеќер

20 г меко брашно

3 јајца величина М

Фил:

120 г шеќер

3 лажици вода

100 г лешници без лушпа

100 г бадеми

Прстофат сол

4 жолчки

40 г густин

20 г шеќер

5 дл млеко

1 лажичка арома од ванила

200 г путер

100 г Мелена Плазма

1. Чекор

На масна хартија исцртајте 9 кругови со дијаметар од 7 цм. Вклучете ја рерната на 200 °C.

1 Чекор

2. Чекор

Путерот, водата и млекото варете ги на тивок оган. Во зовриената смеса додајте ги сувите состојки, измешајте добро и гответе на тивок оган отприлика една минута.

2 Чекор

3. Чекор

Смесата ставете ја во друг сад и ладете ја 10 минути (мешајте повремено за да не се создаде кора).

3 Чекор

4. Чекор

Додадете јајца, едно по едно со постојано мешање (може и со миксер).

4 Чекор

5. Чекор

Смесата ставете ја во вреќа за украсување со ѕвездест крај и направете обрачи со дијаметар 7 цм.

5 Чекор

6. Чекор

Обрачите печете ги во загреана рерна на 200 °C петнаесет минути (додека не се кренат и поруменат), намалете ја температурата на 180 степени и печете 15 минути, потоа сушете ги на 150 степени уште 10 минути. Не ја отворајте рерната за време на печењето. Исклучете ја рерната, полека отворете и оставете додека обрачите не се оладат.

6 Чекор

7. Чекор

Додека обрачите се ладат, шеќерот и водата пропржете ги на среден оган без мешање (само кружете полека со тавата) додека шеќерот не добие ќилибарна боја.

7 Чекор

8. Чекор

Тргнете од оган, додадете лешник, бадем и сол, и измешајте. Смесата ставете ја на масна хартија и оладете.

8 Чекор

9. Чекор

Ладната смеса измиксајте ја на блендер додека не добиете паста.

9 Чекор

10. Чекор

Жолчките, густинот, шеќерот и малку ладно млеко изматете ги со миксер, останатото млеко сварете го.

10 Чекор

11. Чекор

еното млеко истурете го полека во смесата со постојано мешање, и гответе на тивок оган неколку минути.

11 Чекор

12. Чекор

Во оладениот крем измешајте го путерот, додајте ја пастата пралине и Мелената Плазма.

12 Чекор

13. Чекор

Обрачите од тесто исечете ги, наполнете ги со крема и затворете. Посипете со шеќер во прав.

13 Чекор

14. Чекор

Вашиот колач е готов!

14 Чекор

Автор:

Mirjana Marčinko/Od slatkoga slađe

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики