Колачи

Плазма чизкејк во чаша

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 15 мин.

Порција слика Величина: 4

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

30 г путер

100 г Мелена Плазма

250 мл слатка павлака

250 г полномасно крем сирење

65 г шеќер

40 г кисела павлака

1 лажичка сок од лимон

лажичка арома одванила

250 г јагоди

Декорација:

200 мл слатка павлака

2 лажици шеќер во прав

1. Чекор

Подгответе длабоки чаши во кои ќе го редите чизкејкот.

2. Чекор

Истопете го путерот на умерен оган, па додадете го во Мелената Плазма. Направете растресена песоклива смеса. Не треба да биде влажна како за класичен чизкејк. Смесата со кексот рамномерно распоредете ја во 4 порции.

3. Чекор

Направете шлаг од слатката павлака. Посебно лесно изматете го крем сирењето, па додадете во него шеќер, кисела павлака, сок од лимон и екстракт од ванила. Матете ги на помала брзина колку да се соединат.

4. Чекор

Додадете ја изматената слатка павлака и добро соединете ги.

5. Чекор

Јагодите исечете ги на парчиња дебели 2-3 мм. Парчињата внимателно распоредете ги во чашите, така што ќе ги залепите за стаклото. Смесата од сирење со лажица распоредете ја во чашата, внимавајте при тоа да не ги растурите парченцата јагоди.

6. Чекор

Изматете ја слатката павлака со шеќер во прав. Нанесете ја преку смесата од сирење со помош на дресир кеса. Дополнително декорирајте со свежи јагоди и ливчиња од маточина.

Автор:

Milkica Crevar/Mimi’s Kingdom

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики