Плазма точиња со урми и кокос
Основни информации:
Време на подготовка: 1 час
Величина: 10
Сложеност:
Состојки:
Топчиња:
300 г свежи урми (без семки)
50 г кокос
50 г Мелена Плазма
Глазура:
150 г црно чоколадо
3 супени лажици сончогледово масло
1. Чекор
Урмите измиксајте ги во мултипрактик така што ќе добиете паста, па потоа префрлете ги во чинија во која сте ги измешале Мелената Плазма и кокосот. Соединете ги добро сите состојки и направете топчиња.
2. Чекор
Топчињата наредете ги во послужавник обложен со хартија за печење, а потоа ставете ги во замрзнувач 30 минути.
3. Чекор
Во помало тенџере скршете 130 г црно чоколадо, додадете масло, и ставете го на тивок оган да се истопи.
4. Чекор
Тргнете од оган и додадете ги останатите 20 г црно чоколадо.
5. Чекор
Почекајте да се истопи и тоа, па потоа со виљушка натопете ги топчињата и наредете ги во хартија за печење, и веднаш посипете со Мелена Плазма и кокос.
6. Чекор
Вашиот десерт е подготвен!
Автор:
Ana V. Đurđević/Prstohvat soli
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise