Леден брег
Основни информации:
Време на подготовка: 60 мин.
Величина: 10
Сложеност:
Состојки:
За кората:
300 г Плазма
200 мл млеко за потопување на бисквитите
За крема:
800 мл млеко
3 кесички пудинг од ванила
150 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
120 г путер/маргарин
150 г бело чоколадо за готвење
Околу 200 г малини
Декорација:
200 мл слатка павлака
1. Чекор
Пудинзите измешајте ги со 150 мл ладно млеко, а остатокот од млекото заедно со шеќерот ставете го на оган да зоврие.
2. Чекор
Кога ќе зоврие млекото истурете го матениот пудинг и гответе мешајќи цело време додека не згусне. Површината на пудигнот покријте ја со најлонска фолија и оставете да се олади.
3. Чекор
Во изладениот пудинг измиксајте путер на собна температура, а потоа и бело чоколадо истопено на пареа. Формирајте прв ред од брегот од 4х4 плазми натопени во млеко (внимавајте да не се потопат премногу). Потоа намачкајте со дел од филот и по целата површина фил стиснете половина малини.
4. Чекор
Следниот слој е натопени бисквити од 3х4 плазми , потоа фил и малини, па се повторува се со уште 2х4 и на крај 1х4 плазми и фил (без малини).
5. Чекор
Украсете го колачот со изматена слатка павлака и оставете во фрижидер на минимум 6 часа пред послужување.
6. Чекор
Вашиот торта е готов!
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise