Плазма капкејкови со кокос
Основни информации:
Време на подготовка: 45 мин.
Величина: 12
Сложеност:
Состојки:
2 јајца
100 г шеќер
175 г брашно
10 г прашок за пециво
100 г млечно чоколадо
80 мл масло
Изрендана кора од лимон
50 г кокос
100 г Мелена Плазма
120 мл млеко
Состојки за крем:
150 мл слатка павлака
150 г млечно чоколадо
Декорација:
Мелена Плазма
Кокос
Јагоди
1. Чекор
Изматете ги пенесто јајцата и шеќерот.
2. Чекор
Намалете ја брзината на миксерот и додадете ги млекото и маслото.
3. Чекор
Соединете го брашното, прашокот за пециво, Мелената Плазма, кокосот и кората од лимон.
4. Чекор
Додадете ги сувите состојки во смесата од јајца и измешајте со миксер.
5. Чекор
Исечкајте го млечното чоколадо, додадете го во смесата и измешајте со шпатула.
6. Чекор
Подгответе го калапот за мафини и обложете го со хартиени корпички.
7. Чекор
Истурете ја смесата и Мелената Плазма во корпичките. Печете 20 минути на 180 ºC.
8. Чекор
Стопете го млечното чоколадо.
9. Чекор
Изматете ја слатката павлака и додадете го стопеното млечно чоколадо и измешајте добро.
10. Чекор
Со кеса за украсување украсете ги капкејковите по желба.
11. Чекор
Посипете со кокос и Мелена Плазма.
12. Чекор
Јагодите исечете ги на пола, па на секој капкејк ставете по една половина.
13. Чекор
Вашиот десерт е готов!
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise