Печен чизкејк со Плазма
Основни информации:
Време на подготовка: 50 мин.
Величина: 6
Сложеност:
Состојки:
150 г путер
250 г Мелена Плазма
400 г бело чоколадо
90 мл млеко
600 г крем сирење
3 јајца
180 г шеќер
Декорација:
50 г Мелена Плазма
200 г јагоди
100 г боровинки
Нане
1. Чекор
Подгответе го плехот со хартија за печење и во него ставете округол калап 21-23 цм исто така обложен со хартија.
2. Чекор
Стопете го путерот и измешајте со Мелена Плазма, соединете и формирајте кора во калапот.
3. Чекор
Во длабока чинија скршете го белото чоколадо и мешајте додека чоколадата не се стопи.
4. Чекор
Во друга чинија соединете ги јајцата и шеќерот и додадете крем сирење и измешајте добро со шпатула за да не останат грутки. Не матете со жица за да не се разреди смесата.
5. Чекор
Кога ќе ги соединете добро крем сирењето, јајцата и шеќерот додадете го стопеното чоколадо и измешајте.
6. Чекор
Истурете врз кората и посипете рамномерно со Мелена Плазма.
7. Чекор
Печете околу 40 минути на 180 °C додека колачот не добие златна боја.
8. Чекор
Оставете да се олади неколку часа во калапот.
9. Чекор
Исечете го колачот и пред послужување декорирајте со јагоди, боровинки и нане.
10. Чекор
Вашиот чизкејк е готов!
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise