
Крамбл со Плазма и црвено овошје
Основни информации:
Време на подготовка: 1 час
Величина: 4
Сложеност:
Состојки:
Овошна основа:
1 кг црвено овошје crvenog voća (500 г јагоди, 250 г малини и 250 г боровинки)
100 г шеќер
3 супени лажици густин
цеден сок од 1 лимон
изрендана кора од еден лимон
Посипување:
100 г кафеав шеќер
50 г Мелена Плазма
50 г овесни снегулки
½ кафена лажица цимет
½ кафена лажица сол
100 г путер исечен на коцки
Декорација:
сладолед од ванила
30 г Мелена Плазма
1. Чекор
Загрејте ја рерната на 180°C.
2. Чекор
Измешајте ги состојките за овошната основа и сипете ги во сад за печење (наместо една голема можете и во 6 помали садови со дијаметар 13 цм).
3. Чекор
Подгответе го посипувањето така што состојките ќе ги ставите во чинија и згмечете ги со прсти додека не добиете ронлива смеса која ќе ја посипете над овошјето.
4. Чекор
Крамбл-от ставете го во рерна на 20-30 минути, односно додека овошјето не почне да „врие“. Секако пазете посипувањето да не загори бидејќи некогаш на овошјето му треба повеќе време да „зоврие“ ако е во подебел слој.
5. Чекор
Крамбл-от послужете го врел со сладолед од ванила кој ќе го посипете со Мелена Плазма.
6. Чекор
Вашиот десерт е подготвен!

Автор:
Palachinka blog

Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica


Слични рецепти
2025 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise