Чоколадни тартуфи со крцкава Плазма
Колачи

Чоколадни тартуфи со крцкава Плазма

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 1 час и 30 мин.

Порција слика Величина: 10

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

200 мл слатка павлака

200 г црно чоколадо

30 г путер

200 г шеќер 

70 г Мелена Плазма

30 г какао

1. Чекор

Истурете ја слатката павлака во тенџере и ставете ја да зоврие. Тргнете ја од оган и додадете го скршеното чоколадо и путерот и оставете да отстои 5 минути.

2. Чекор

Потоа измешајте добро за да добиете глатка и густа смеса, и оставете ја да се олади на собна температура.

3. Чекор

Мелената Плазма распоредете ја во тенок слој на хартија за печење. На тивок оган стопете го шеќерот постепено, и потоа со него прелијте ја Мелената Плазма.

4. Чекор

Подигнете ги краевите на хартијата за шеќерот да се измеша со Мелената Плазма. Оставете го шеќерот да се стегне, и потоа скршете го во парчиња и ставете го во блендер накратко за да добиете ситни парчиња како бонбончиња.

5. Чекор

Во претходно оладената смеса со чоколадо додадете ги парчињата од шеќерната Плазма, измешајте и ставете ја во фрижидер за да се стегне.

6. Чекор

Кога потполно ќе се олади, извадете ја од фрижидер и со лажица вадете од лепливата смеса и со влажни раце формирајте топчиња, па потоа валкајте ги во какао.

7. Чекор

Вашиот десерт е подготвен!

7 Чекор

Автор:

Milica Šumaković/Milin Kuvar

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики