Плазма колач со овошје и крцкаво наросување
Основни информации:
Време на подготовка: 90 мин.
Величина: 12-15
Сложеност:
Состојки:
ТЕСТО
220 г брашно
30 г Мелена Плазма
прстофат сол
1 лажиче прашок за печиво
2 јајца
100 мл масло
1 лажица кокосово масло, за арома
250 мл јогурт
150 г шеќер
ОВОШЕН СЛОЈ
300 г замрзнато овошје (малини или мешавина
од бобинки)
1 рамна лажица брашно
КРЦКАВО НАРОСУВАЊЕ
3 лажици брашно
3 лажици Мелена Плазма
2 лажици кафеав шеќер
60 г ладен путер
1. Чекор
Загрејте ја рерната на 180 °C. Дното на калапот обложете го со хартија за печење, страните намачкајте ги со путер. Доколку го печете колачот во огноотпорен сад, не морате да ставате хартија за печење.
2. Чекор
За крцкавото наросување измешајте ги брашното, Мелената Плазма, кафеавиот шеќер и путерот. Путерот со дланките замесете го во сувите состојки така да добиете трошки со големина на грашок. Оставете го во фрижидер додека го подготвувате тестото.
3. Чекор
Измешајте го замрзнатото овошје со една лажица брашно и оставете го на страна.
4. Чекор
Во еден сад измешајте ги сувите состојки: брашно, Мелена Плазма, сол и прашок за печиво. Во друг сад измешајте ги јајцата, кокосовото масло, јогуртот и шеќерот и добро соединете ги со жица или со миксер. Додадете ги сувите состојки и сето тоа добро измешајте го.
5. Чекор
Добиената смеса истурете ја во подготвениот калап, подеднакво распоредете ја и израмнете ја. Потоа наредете го замрзнатото овошје и додадете го крцкавото наросување. Ставете го колачот да се пече триесетина минути. Најдобро е да направите тест со чепкалка: забодете ја чепкалката во средината на колачот – ако излезе сува, колачот е печен.
6. Чекор
Вашиот колач е готов!
Автор:
Ana V. Đurđević/Prstohvat soli
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise