Крушки поширани во ванила и црн чај со фил од Плазма
Основни информации:
Време на подготовка: 1 час
Величина: 4
Сложеност:
Состојки:
Kрушки:
4 помали крушки
1 л вода
350 г шеќер
2 кесички црн чај
1 стапче ванила
Полњење:
50 г Мелена Плазма
2 супени лажици мелени лешници
25 г путер
Декорација:
50 г сечкани печени лешници
250 мл слатка павлака
1. Чекор
Излупете ги крушките, но не ги вадете стебленцата.
2. Чекор
Во едно тенџере наполнете вода, додадете шеќер и кесичките од чајот па ставете на оган да зоврие. Отворете го стапчето ванила и со нож изгребете ги семките и ставете ги во тенџерето.
3. Чекор
Стапчето ванила исто така ставете го во тенџерето за да пушти мирис.
4. Чекор
Кога ќе зоврие водата, извадете ги кесичките од чајот, ставете ги крушките и покријте со капак. Гответе ги полека на тивок оган додека не омекнат, а потоа извадете ги внимателно заедно со стапчето ванила.
5. Чекор
Засилете го огнот и продолжете да го готвите сирупот додека малку не згусне. Во посебен сад измешајте Мелена Плазма, мелени лешници и стопениот путер. Додадете и неколку лажици од подготвениот сируп во кој се вареа крушките и измешајте добро за да добиете ронлива смеса.
6. Чекор
Крушките кои се оладени, исечете ги на пола, извадете им ги семките и наполнете ги со полнењето со Плазма.
7. Чекор
Прелијте ги крушките со сирупот и послужете со изматена слатка павлака па потоа посипете со сечкани лешници.
8. Чекор
Вашиот десерт е подготвен!
Автор:
Palachinka blog
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise