Плазма Три Лече
Основни информации:
Време на подготовка: 50 мин.
Величина: 15
Сложеност:
Состојки:
Бисквит:
6 јајца
150 г шеќер
160 г Мелена Плазма
85 г брашно
1 кесичка прашок за пециво
Прелив:
3 дл слатка павлака
2,5 d дл млеко
1 дл засладено кондензирано млеко
Карамел:
200 г шеќер
200 г слатка павлака
150 г путер
Прстофат сол
1. Чекор
Прво направете ја карамелата. 200 г шеќер стопете на средна температура додека не добие златно кафеава боја.
2. Чекор
Во шеќерот постепено додавајте ја слатката павлака мешајќи константно.
3. Чекор
Кога ќе се соединат шеќерот и павлаката додадете путер и сол, и гответе уште неколку минути додека путерот не се стопи и смесата да зоврие.
4. Чекор
Оставете да се оладат.
5. Чекор
Изматете ги во пена јајцата и шеќерот.
6. Чекор
Додадете Мелена Плазма и брашно измешано со прашок за пециво и соединете нежно со шпатула.
7. Чекор
Подготвената смеса распоредете ја во намачкана тепсија посипена со брашно.
8. Чекор
Печете го бисквитот на 180 °C, 25-30 минути.
9. Чекор
Кога бисквитот ќе биде готов прелијте го со ладна мешавина од млеко, кондензирано млеко и слака павлака додека е врел.
10. Чекор
Оставете го колачот што подолго да го впие преливот и пред сервирање прелијте со карамела по желба.
Автор:
Plazma

Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica


Слични рецепти
2025 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise