
Плазма лимон тарт
Основни информации:
Време на подготовка: 45 мин.
Величина: 3
Сложеност:
Состојки:
Подлога за тарт:
200 г путер
400 г Мелена Плазма
50 мл млеко
Кора од лимон
Крем:
4 јајца
250 г шеќер кристал
200 мл сок од лимон
175 г путер
7 г желатин
Меренга:
100 г белки
200 г шеќер кристал
1. Чекор
Во стопениот путер додадете млеко, Мелена Плазма и кора од лимон, измешајте и потапкајте ја во форма за тарт. Желатинот потопете го во ладна вода за да набабри.

2. Чекор
Шеќерот и сокот од лимон гответе ги на тивок оган додека не почне да врие.

3. Чекор
Во варениот сок додадете јајца мешајќи константно. Гответе додека смесата не почне да се згуснува и додадете путер, потоа мешајте додека путерот не се растопи.

4. Чекор
Потоа гответе уште неколку минути, додадете го подготвениот желатин, измешајте и наполнете го посакуваниот тарт. Тргнете го на пола час во фрижидер а за тоа време направете меренга.

5. Чекор
Белките и шеќерот гответе ги на пареа додека шеќерот не се растопи.

6. Чекор
Зготвените белки матете ги додека не се оладат и изматат во цврста меренга.

7. Чекор
Декорирајте го тартот со меренгата по желба.

8. Чекор
Вашиот десерт е готов!

Автор:
Plazma

Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica


Слични рецепти
2023 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise