
Cheesecake пити
Основни информации:
Време на подготовка: 35 мин.
Величина: 6
Сложеност:
Состојки:
250 г лиснато тесто
100 г крем сирење
1 лажица шеќер во прав
1 ванилин шеќер
50 г џем од јагоди
6 Плазми
1 јајце
50 мл млеко
1 лажица шеќер
¼ лажичка мускатно оревче
Фил:
150 мл грчки јогурт
40 г Мелена Плазма
2 лажици млеко
Ситно исечкана кора од портокал
1 лажичка арома од ванила
Декорација:
Шеќер во прав
Свежо овошје
1. Чекор
Загрејте ја рерната на 180 °C.
2. Чекор
Лиснатото тесто да се расука на 30х40 цм и да се подели на 12 еднакви делови. На 6 исечени делови во средина се става лажичка крем сирење и лажичка џем.
3. Чекор
Во помала чинија да се измешаат јајцето, млекото, шеќерот и мускатното оревче. Плазмата да се натопи во мешавината со јајце и да се постават во средина над крем сирењето и џемот.
4. Чекор
Да се затворат одозгора со другиот дел од тестото па со виљушка да се притиснат рабовите за да се залепат. Истото се повторува со 5те останати Плазми.
5. Чекор
Питите да се намачкаат со преостанатото јајце и со работ на ножот да се направи плитка шара.
6. Чекор
Печете 20 минути на загреана рерна.
7. Чекор
Измешајте грчки јогурт, Плазма, млеко, ванила и кората од портокал и заедно со свежото овошје послужете со изладените пити.
8. Чекор
Вашиот десерт/торта/колач е готов!

Автор:
Milica Šumaković / Milin Kuvar

Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica


Слични рецепти
2023 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise