Баклава Плазма
Основни информации:
Време на подготовка: 60 мин.
Величина: 16
Сложеност:
Состојки:
Едно пакување кори 500г
300 г Мелена плазма
150 г мелени лешници
250 г стопен путер
100 мл слатка павлака
500 г шеќер
500 мл вода
Лимон
1. Чекор
Ставете 400г шеќер и 500мл вода да се готват на средна температура.
2. Чекор
Кога ќе зоврие сирупот додадете лимон исечен на парчиња и гответе уште 10 минути. Тргнете го шеќерниот сируп да се олади.
3. Чекор
Соединете Мелена Плазма, мелени лешници, шеќер и 100 г путер.
4. Чекор
Остатокот од путерот измешајте го со слатка павлака.
5. Чекор
Првата кора намачкајте ја со мешавината од путер и слатка павлака и покријте со другата кора. Втората кора намачкајте ја и посипете со мешавината со Плазма.
6. Чекор
Повторете ја постапката додека не ви снема материјал.
7. Чекор
Пред печење исечете ја баклавата по желба и намачкајте со остатокот од мешавината со путер и павлака.
8. Чекор
Печете ја баклавата на 180 °C 30-40 минути, додека не добие златна жолта боја.
9. Чекор
Прелијте ја врелата баклава со ладниот шеќерен сируп.
Автор:
Plazma

Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica


Слични рецепти
2023 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise