Мрзлива пита со Плазма и јаболка
Тесто и пити

Мрзлива пита со Плазма и јаболка

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 1 час и 30 мин.

Порција слика Величина: 10

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

Тесто:

250 г остро брашно

250 г Мелена Плазма

2 јајца

240 г масти

150 г шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

1 супена лажица цимет

1 кафена лажица прашок за пециво 

Фил:

1,5 кг кисели јаболка 

8 супени лажици шеќер

Изрендана кора од 1 лимон 

15 г путер

1. Чекор

Во сад со средна величина измешајте брашно, Мелена Плазма, цимет и прашок за пециво.

2. Чекор

Во друг поголем сад изматете ги во пена маста со шеќерот, а потоа додадете ги јајцата и се добро соединете. На крај постепено додадете ги измешаните суви состојки и се добро изматете за да добиете хомогоена смеса. Садот покријте го со најлонска фолија и ставете го во фрижидер 30 минути.

3. Чекор

Исперете ги јаболката, исушете ги и излупете ги. Исечете ги на половина и отстранете им го средниот дел со семки, а потоа исечете ги на поголеми коцки.

4. Чекор

Путерот ставете го во поголемо тенџере и стопете го на среден оган. Додадете ги јаболката шеќерот, сокот од лимон и изренданата кора и гответе полека додека сокот од јаболката не испари, а потоа тргнете од оган.

5. Чекор

Загрејте ја рерната на 180°C.

6. Чекор

Подгответе го плехот за печење така што ќе го намачкате со малку путер или маст. Извадете го тестото од фрижидер и поделете го на два дела.

7. Чекор

Со едниот дел обложите го плехот и рамномерно сипете го филот над тестото.

8. Чекор

Другата половина од тестото ставете го на поголема хартија за печење и со сукало развлечете го во димензиите на плехот.

9. Чекор

Со виљушка прободете го тестото и полека со помош на хартијата за печење ставете го преку филот од јаболка.

10. Чекор

Тргнете ја хартијата за печење и питата ставете ја да се пече 40-45 минути. Извадете ја од рерна и оставете да се олади, а потоа исечете ја на коцки и посипете со шеќер во прав.

11. Чекор

Вашиот десерт е подготвен!

11 Чекор

Автор:

Zorica Lakonic/My pans and pots

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики