Тесто и пити

Штрудла со Плазма

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 60 мин.

Порција слика Величина: 15

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

Тесто:

 

320 г брашно

20 г квасец

3 жолчки

200 мл млеко

80 г шеќер

50 мл масло

1 кесичка ванилин шеќер

 

Фил:

 

100 мл масло

100 г шеќер

3 жолчки

200 г кисела павлака

200 г Мелена Плазма

 

1. Чекор

Прво замесете тесто. Во млако млеко ставете квасец, лажица шеќер, и лажица брашно. Оставете го квасецот 10 минути да се активира.

2. Чекор

Bо поголема чинија соединете ги жолчките, остатокот од шеќерот, ванилиниот шеќер и маслото.

3. Чекор

Во соединетата смеса додадете го активираниот квасец и брашното и замесете тесто.

4. Чекор

Замесеното тесто оставете го 1 час да отстои.

5. Чекор

Додека тестото надојде, подгответе го филот така што ќе ги соедините сите состојки.

6. Чекор

Надојденото тесто истегнете го на набрашнета површина во правоаголник 50х50 цм.

7. Чекор

Намачкајте го тестото со филот и завиткајте.

8. Чекор

. Префрлете во плех и намачкајте со масло.

9. Чекор

Оставете 30 минути да нарасне и потоа печете 35 минути на 200°C. На пола печење штрудлата покријте ја со хартија за печење.

10. Чекор

Готовата штрудла пред послужување посипете ја со шеќер во прав.

Автор:

Plazma

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики