Коблер со крушки
Основни информации:
Време на подготовка: 60 min.
Величина: 6
Сложеност:
Состојки:
6 мали крушки
150 г свежи капини
Рендана кора и цеден сок од ½ лимон
3 супени лажици мед
100 г брашно
1 кафена лажичка прашок за пециво
90 г Мелена Плазма
50 г путер
2 јајца
100 мл млеко
1. Чекор
Загрејте ја рерната на 200°C. Измијте ги крушките, преполовете ги и исчистите ги семките, а потоа секоја половина исецкајте ја на 4 парчиња.
2. Чекор
Во средна лимена тава за печење ставете ги крушките, капините, кората и сокот од лимон и супена лажица мед. Промешајте се заедно и испечете 15 минути во рерна за да омекнат крушките.
3. Чекор
Додека се пече овошјето, спремете тесто така што во мултипрактик ќе истурите брашно, прашок за пециво и Мелена Плазма. Измиксајте кратко за да се измешат состојките и додајте путер исечен на коцки, продолжете да миксате додека не добиете ронлива смеса. Додајте млеко, јајца и 2 супени лажици млеко и измиксајте додека да добиете хомогена смеса.
4. Чекор
Печеното овошје извадете го од рерна и третина од овошјето извадете го од тавата и оставете го на страна. Распоредете го тестото рамномерно над овошјето во тавата и одозгора додајте ја третината од овошјето кое го одвоивте. Тавата вратете ја во рерна и печете го колачот 30-35 минути, т.е додека не добие убава златно кафеава нијанса.
5. Чекор
Колачот послужете го со сладолед или изматена слатка павлака.
6. Чекор
Вашиот колач е готов!
Автор:
Zorica Lakonic/My pans and pots
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise