Франципан тарт со крушки
Основни информации:
Време на подготовка: 1 ч и 30 мин.
Величина: 10
Сложеност:
Состојки:
Состојки за тарт:
130 г путер на собна температура
180 г брашно
3 жолчки
70 г Мелена Плазма
60 г шеќер во прав
Состојки за франципан:
100 г Мелена Плазма
100 г бадемово брашно
100 г шеќер кристал
120 г путер на собна температура
2 јајца
4 4 крушки
Декорација:
Сладолед од ванила
Листови бадем
Мелена Плазма
1. Чекор
Во поголем сад измешајте брашно, Мелена Плазма и шеќер во прав.
2. Чекор
Путерот исечете го на коцки и додадете го во брашното.
3. Чекор
Замесете тесто со додавање на една по една жолчка додека не се добие компактна смеса.
4. Чекор
Калапот за тарт со одвоено дно намачкајте го со масло.
5. Чекор
На набрашнета површина развлечете тесто со сукало со дебелина од 3 мм.
6. Чекор
Префрлете го тестото и потупкајте го во калапот. Боцнете го со виљушка и тргнете го да отстои.
7. Чекор
Путерот, бадемовото брашно, Мелената Плазма и шеќерот изматете ги пенесто со миксер и додадете ги јајцата. Матете додека смесата не се соедини.
8. Чекор
Наполнете го тартот со франципанот.
9. Чекор
Излупете ги крушките и исечете ги на тенки .резанка .
10. Чекор
Наредете ги во круг над франципанот и стиснете ги по површината.
11. Чекор
Печете го тартот на 160 степени, 30-40 минути, додека не добие златно жолта боја.
12. Чекор
Изладете го тартот на собна температура.
13. Чекор
Пред послужување додадете топка сладолед, листови од бадем и Мелена Плазма.
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise