Пита Плазма
Тесто и пити

Пита Плазма

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 85 мин.

Порција слика Величина: 6

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

12 листа тенки кори за пита 

1 поголемо јајце

100 г Мелена Плазма

120 г печени бадеми

100 г омекнат путер

100 г кафеав шеќер

1 лажица сок од портокал (опционално)

100 г чоколадо

100 г путер за премачкување на кори

1. Чекор

Стопете го путерот за премачкување на корите и оставете го да се олади. Пуштете ја рерната да се загрее на 180°C. Подгответе округла тепсија.

2. Чекор

Исечкајте ги бадемите во мултипрактик, и додадете Мелена Плазма, омекнатиот путер, кафеавиот шеќер, јајцето, сокот од портокал и се добро соедините додека не добиете компактен фил. Ако ви изгледа сув, додајте уште малку сок од портокал. Чоколадото исечкајте го на ситни коцки и додајте го во филот.

3. Чекор

Најдобро е питата да ја виткате на маса бидејќи ќе ви треба простор. Наредете три кори една до друга со по кратката страна свртена накај вас, но да се преклопуваат 3-4 цм.

4. Чекор

Намачкајте ги потполно со стопениот путер со помош на четка, и преку додајте уште три други кори, пак намачкајте со путер и ова повторете го уште два пати.

5. Чекор

На последниот ред од кори оди филот. Ставете фил на работ на долгата страна која е до вас. Можете да ги намокрете рацете со вода за полесно да ги распоредувате и обликувате корите во еден долг, тенок црв.

6. Чекор

Кога ќе го распоредите филот, завиткајте ја питата, и замотајте ја во спирална форма. Ако некаде пукне, земете една додатна кора од пакувањето и скинете дел, залепете над пукнатината и намачкајте со стопен путер.

7. Чекор

Завитканата пита ставете ја на хартија за печење и се заедно ставете во округла тепсија. Питата намачкајте ја добро со стопен путер од сите страни. Ставете во рерна да се пече околу 25 минути или додека да добие златна боја. Извадете од рерна, оставете да се олади, потоа исечете и послужете.

8. Чекор

Вашиот десерт е готов!

8 Чекор

Автор:

Ana V. Đurđević/Prstohvat soli

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики