Ролни од цимет со Плазма
Тесто и пити

Ролни од цимет со Плазма

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 60 мин.

Порција слика Величина: 12

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

400 г брашно

Прстофат сол

1 јајце

50 г путер

30 г свеж квасец

2 супени лажици шеќер

200 мл млеко

Фил

50 г путер

70 г Мелена Плазма

1 кафена лажица мелен цимет

Прелив

40 г путер

2-3 супени лажици шеќер во прав

1 супена лажица млеко

Декорација:

30 г Мелена Плазма

1. Чекор

Во поголем сад измешајте ги брашното и солта, и направете отвор во средина, во него истурете ги јајцата, стопениот путер, квасецот, шеќерот и топлото млеко. Полека замесете тесто. По потреба додајте брашно за да не се лепи тестото. Садот со тесто покријте го со најлонска фолија и оставете го на топло место за да нарасне тестото.

1 Чекор

2. Чекор

Кога ќе нарасне тестото, расукајте во форма на правоаголник со димензии 30 x 50 цм и премачкајте со путер.

2 Чекор

3. Чекор

Одозгора посипете со Мелена Плазма и малку цимет, и превртете го тестото во ролна. Ролатот исечете го на 12 парчиња.

3 Чекор

4. Чекор

Во една шолја измешајте растопен путер и шеќер во прав. Ако преливот е многу густ, додајте малку млеко.

4 Чекор

5. Чекор

Обложите со хартија за печење тркалезен калап со дијаметар 27 цм. Редете ги ролните формирајќи цвет и оставете ги да нараснат околу 30 минути.

5 Чекор

6. Чекор

Потоа ставете го калапот во претходно загреана рерна на 220 °C и печете 30 минути, т.е додека ролните не заруменат.

6 Чекор

7. Чекор

Извадете го калапот од рерна и прелијте ги ролните со преливот кој го подготвивте претходно, потоа посипете Мелена Плазма. Сервирајте со ладно млеко.

7 Чекор

8. Чекор

Вашиот десерт е готов!

8 Чекор

Автор:

Olivera Senić/Ja u kuhinji

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики