Пециво звезда
Основни информации:
Време на подготовка: 4 часа
Величина: 12
Сложеност:
Состојки:
400 г брашно
50 г шеќер + 1 лажица шеќер за квасец
1 ванилин шеќер
2 лажици сув квасец
130 мл топло млеко
2 јајца
50 г ладен путер, исечен на коцки
1 жолчка за премачкување
Фил:
100 г омекнат путер
100 г Мелена Плазма
80 г кафеав шеќер
1 лажичка цимет
100 г бело чоколадо
1. Чекор
Во сад за мешање додајте брашно, шеќер и ванилин шеќер. Сувиот квасец и лажицата шеќер ставете ги во мала чинија и прелијте со топло млеко, измешајте, покријте со најлонска фолија и оставете квасецот да се активира. Кога ќе се активира, истурете го во брашното па додадете ги јајцата, т.е. замесете тесто (тестото е најдобро да се меси со помош на стоечки миксер и додаток за тесто). Кога ќе добиете комактна топка од тесто, почнете да додавате путер коцка по коцка. Секоја нова коцка додадете ја кога претходната ќе се соедини целосно со тестото. Кога ќе го додадете целиот путер, замесете го тестото додека не биде доволно мазно под рака. Тестото ќе биде малку лепливо, но такво и треба да биде. Покријте го садот со најлонска фолија и оставете на собна температура да се удвои, а за тоа време подгответе го филот.
2. Чекор
За фил измешајте омекнат путер, Мелена Плазма, шеќер и цимет. Се добро поврзете за да добиете фина паста. Белото чоколадо исецкајте го на ситни коцки.
3. Чекор
Подгответе голема тепсија од рерна и парче хартија за печење со величина на тепсијата. Удвоеното тесто ставете го на набрашнета површина. Поделете го на четири еднакви делови, можете да ги измерете на вага за да имаат иста тежина.
4. Чекор
Формирајте топчиња и оставете ги да одморат околу 10 минути. Првото топче тесто истегнете го на подготвена хартија во круг со дијаметар околу 27 цм. Намачкајте го добиениот круг со 1/3 од филот и посипете со 1/3 сецкано бело чоколадо. Другото топче тесто истегнете го во круг со ист дијаметар на набрашнета површина и ставете го преку намачканиот круг. Повторете ја истата постапка и со третото топче тесто, намачкајте го со останатиот фил и посипете со останатото чоколадо. Четвртото топче тесто истегнете го во круг и со него покријте го нареденото тесто на хартија. Убаво напикајте ги краевите, ако е потребно поправете ја формата на кругот.
5. Чекор
Сега ќе формирате ѕвезда. На средината од кругот ставете чаша со дијаметар од околу 5 цм, со помош на остар нож, поделете го тестото околу чашата на 16 пачиња/ленти. Земете две соседни ленти и извиткајте ја секоја околу својата оска по два пати, но така што едната лента да биде во правец на стрелките од часовникот, а другата во обратна насока. Извитканите ленти поврзете ги на краевите за да добиете еден крак од ѕвезда. И така со сите ленти. Кога ќе формирате ѕвезда, оставете ја на топло место околу 30 минути или додека не нарасне убаво.
6. Чекор
Пред да нарасне ѕвездата, вклучете ја рерната да се загрее на 180°C. Изматете ги жолчките и со нив премачкајте ја нараснатата ѕвезда и ставете да се пече. Печете околу 20-25 минути, но најдобро водете се според бојата, па можете да ја извадите кога ќе стане златна. Оставете да се олади и послужете ја топла. По потреба можете да посипете и шеќер во прав.
7. Чекор
Вашиот десерт е готов!
Автор:
Ana V. Đurđević/Prstohvat soli
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise