Плазма Шарлота
Основни информации:
Време на подготовка: 1 ч и 30 мин. + 3-4 ч за ладење
Величина: 6
Сложеност:
Состојки:
Бисквит:
150 г шеќер
85 г брашно
40 г какао
1⁄2 кафена лажица прашок за пециво
1⁄2 кафена лажица сода бикарбона
Прстофат сол
1 јајце
90 мл млеко
3 супени лажици масло
1 супена лажица екстракт од ванила
90 мл зовриена вода
Мус:
180 г шлаг во прав (засладен)
200 г Мелена Плазма
200 г чоколадо за готвење
Декорација:
220 г Плазма
Свежи јагоди
1. Чекор
Вклучете ја рерната на 180°C. Во чинија ставете ги сувите состојки за бисквитот и измешајте. Во друга чинија изматете ги јајцата, потоа додајте млеко, масло, екстракт од ванила и сувите состојки за бисквит и измешајте со миксер. Во добиената смеса додадете зовриена вода и измешајте добро.
2. Чекор
Дното и рабовите на калапот за торта обложите ги со хартија за печење и истурете ја смесата за бисквит. Ставете ја во загреана рерна и печете 40 минути. Кога бисквитот ќе се испече (проверите со чепкалка), извадете го од рерна и оставете да се олади во калапот.
3. Чекор
Стопете црно чоколадо на пареа и оставете да се олади на собна температура, но внимавајќи да не се олади премногу и да се стегне. Изматете го шлагот спрема упатството на кесичките и додадете го стопеното црно чоколадо и Мелената Плазма и измешајте се убаво со лажица са да се соедини. Добиената смеса ставете ја кратко во фрижидер за да се стегне.
4. Чекор
Извадете го од калапот изладениот бисквит, а калапот обложите го со најлонска фолија. На работ на калапот наредете ја Плазмата. Исечете го бисквитот по должина за да добиете две кори со иста дебелина, а потоа исечете ги во круг за да се намали дијаметарот за 1 цм (Плазмата мора да биде помеѓу рабовите на калапот и бисквитот). Ставете ја едната кора во калапот, потоа додадете половина од изладениот мус. Ставете ја втората кора и додадете го останатиот мус и порамнете со лажица. Задолжително оставете празен простор помеѓу мусот и рабовите на Плазма, отприлика 5 цм. Тортата ставете ја во фрижидер 3- 4 часа за да се стегне.
5. Чекор
Внимателно тргнете ги рабовите на калапот и ставете ја тортата на сад за послужување, потоа полека тргнете ја фолијата. Измијте ги свежите јагоди, исушете ги, потоа наредете ги на површината на тортата.
Автор:
Nevena Zelunka Cvijetić/ Hleb i Lale
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2024 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise