Плазма пуслица
Основни информации:
Време на подготовка: 2 часа
Величина: 12
Сложеност:
Состојки:
4 белки
Прстофат сол
250 г шеќер
1 лажица густин
1 лажица сок од лимон
Фил:
4 жолчки
40 г густин
30 шеќер
5 дл млеко
1 ½ дл слатка павлака
100 г Мелена Плазма
1 лажица арома од ванила
Декорација:
Овошје по избор
1. Чекор
На масна хартија нацртајте два круга со дијаметар 20 цм и свртете ја хартијата. Вклучете ја рерната на 100 °C.
2. Чекор
Белките на собна температура изматете ги со миксер, додадете прстофат сол. Потоа на цврстиот снег додајте жеќер постепено, лажица по лажица, и матете додека смесата не стане густа и сјајна.
3. Чекор
Додадете густин и сок од лимон и измешајте со лажица.
4. Чекор
Со смесата обликувајте две кори со дијаметар 20 цм и сушете ги во рерна загреана на 100 °C околу два часа. Исклучете ја рерната и корите оставете ги во рерна неколку часа.
5. Чекор
Жолчките, густинот и шеќерот изматете ги со малку ладно млеко, а останатото млеко зовријте го.
6. Чекор
Зовреаното млеко истурете го во смесата со жолчките со постојано мешање , и гответе неколку минути на тивок оган.
7. Чекор
Во оладениот крем изматете омиксер слатка павлака, додадете Мелена Плазма и арома од ванила.
8. Чекор
Чувајте го кремот во замрзнувач до послужување. Корите премачкајте ги со подготвениот крем, украсете со овошје и послужете.
9. Чекор
Вашиот торта е готов!
Автор:
Mirjana Marčinko/Od slatkoga slađe
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise