Плазма торта со крем од солена карамела
Торти

Плазма торта со крем од солена карамела

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 1 час + 18 часа за ладење

Порција слика Величина: 6

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

Подлога:

600 г Мелена Плазма

150 г печени кикирики

200 мл сок од портокал

100 г црно чоколадо

100 г путер

100 г Плазма

 Мус:

120 г шеќер

500 мл слатка павлака

¼ кафена лажица крупна морска сол

6 г желатин

1 јајце

Декорација:

250 мл слатка павлака

2 кесички ванилин шеќер 

1. Чекор

Карамел слатката павлака треба да се подготви еден ден порано. Во тенџере со дебело дно ставете 100 г шеќер и оставете да се стопи на тивок оган. Не го мешајте туку само повремено протресете.

2. Чекор

Во друго тенџере загрејте слатка павлака. Кога шеќерот ќе се стопи, додадете сол и слатка павлака мешајќи постојано.

3. Чекор

Внимавајте затоа што слатката павлака ќе направи доста пена. Мешајте се додека не се истопат парчињата карамела, а потоа карамел слатката павлака оставете ја да се олади на собна температура, па потоа префрлете ја во фрижидер.

4. Чекор

Следниот ден земете калап со одвоиво дно со дијаметар 25 цм и обложите го дното со хартија за печење.

5. Чекор

Во посебен сад истурете ја Мелената Плазма, печените кикирики и сокот од портокал, а потоа додадете го истопеното црно чоколадо и путерот. На крај додадете ја и скршената Плазма и измешајте добро за да добиете хомогена смеса. Смесата распоредете ја рамномерно во претходно подготвениот калап.

6. Чекор

Во мало тенџере ставете желатин и прелијте го со 3-4 супени лажици ладна вода, а потоа оставете го да набабри.

7. Чекор

Карамел слатката павлака извадете ја од фрижидер и изматете ја во цврст шлаг.

8. Чекор

Одвојте ги белките од жолчките, и потоа изматете ги со 20 г шеќер, исто во цврст шлаг.

9. Чекор

Желатинот ставете го во тивок оган за да се стопи.

10. Чекор

Соединете ги жолчките со изматената карамел слатка павлака, а потоа со постојано мешање, додадете го и истопениот желатин.

11. Чекор

На крај додадете го и шлагот од изматените белки и соединете се заедно мешајќи полека. Добиениот мус распоредете го рамномерно преку подлогата од Плазма и ставете ја во фрижидер 6 часа за да се стегне.

12. Чекор

Пред послужување изматете слатка павлака со ванилин шеќер и декорирајте ја тортата.

13. Чекор

Вашиот десерт е подготвен!

13 Чекор

Автор:

Milkica Crevar/Mimi’s Kingdom

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики