
Плазма песок торта
Основни информации:
Време на подготовка: 50 мин.
Величина: 8
Сложеност:
Состојки:
1л млеко
4 пудинзи со вкус на ванила
100г шеќер
250г путер
125г шеќер во прав
200г Мелена Плазма
150г чоколадо за готвење
150г мелени опреви
250мл слатка павлака
1. Чекор
Во еден литар млеко додадете шеќер и згответе ги пудинзите од ванила.

2. Чекор
Изматете со миксер во пена путер и шеќер во прав.

3. Чекор
Кога ќе се олади пудингот во него додадете го матениот путер и соединете со миксер. Смесата поделете ја на три дела.

4. Чекор
Во првиот дел додадете Мелена Плазма, измешајте и истурете во округол калап како прв фил.

5. Чекор
Во вториот дел измешајте мелени ореви, измешајте и истурете преку првиот фил.

6. Чекор
Во третиот дел додадете стопено чоколадо и формирајте трет слој.

7. Чекор
Украсете со слатка павлака. Оставете во фрижидер неколку часа да се стегне.

8. Чекор
Вашата торта е готова!

Автор:
Plazma

Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica


Слични рецепти
2023 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise