Летна Плазма торта
Основни информации:
Време на подготовка: 1 ч + ладење
Величина: 10
Сложеност:
Состојки:
300 г Плазма
350 мл слатка павлака
500 г крем сирење
120 г шеќер во прав
250 г бело чоколадо
2 калинки
1. Чекор
Крем сирењето измешајте го полека со шеќерот во прав.
2. Чекор
Стопете го белото чоколадо на пареа.
3. Чекор
Изматете ја цврсто слатката павлака.
4. Чекор
Стопеното чоколадо додадете го во крем сирењето, измешајте и соединете со слатката павлака.
5. Чекор
Ставете ја еден час во фрижидер да се олади.
6. Чекор
Исчистете ги калинките.
7. Чекор
Наредете прв ред Плазма 3х3.
8. Чекор
Нанесете ¼ од кремот, распоредете рамномерно и посипете со калинка.
9. Чекор
Наредете го вториот слој Плазма 3х3.
10. Чекор
Повторете ја постапката додека не го потрошите филот така што тој ќе биде последен на тортата.
11. Чекор
Декорирајте со калинка, Мелена Плазма и нане.
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2024 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise