Плазма Луј XV
Основни информации:
Време на подготовка: 90 мин. + 2-3 часа за ладење
Величина: 8
Сложеност:
Состојки:
• 350 г Плазма
• 100 г Шеќер во прав
• 50 г путер
• 50 г чоколаден крем
Фил:
• 2 јајца
• 130 г шеќер
• 350 мл слатка павлака
• 10 г желатин
• 50 мл вода
• 200 г црно чоколадо
1. Чекор
Плазмата здробете ја во чинија. Додадете го шеќерот во прав, стопениот путер и чоколадниот крем, и се добро соединете во ронлива смеса. Со добиената смеса обложите го дното на калапот и ставете го во фрижидер додека го подготвувате кремот, за да се стегне кората.
2. Чекор
Желатинот ставете го во чинија, прелијте со ладна вода и оставете да набабри. Во средно тенџере истурете 30 мл слатка павлака, 30 г шеќер и 2 жолчки, и гответе на пареа со постојано мешање. Тргнете го тенџерето од оган и додадете го растопениот желатин.
3. Чекор
Останатата слатка павлака изматете ја да добиете шлаг и додадете ја во смесата со жолчките.
4. Чекор
Потоа, додадете го растопеното црно чоколадо и измешајте добро. Белките и останатиот шеќер изматете ги во цврст шлаг, и додадете го во чоколадниот крем полека за да не спласне.
5. Чекор
Извадете го калапот од фрижидер и кората од Плазма прелијте ја со чоколадниот крем. Вратете ја тортата во фрижидер на 2-3 часа за да се стегне чоколадниот фил.
6. Чекор
Вашиот тортa е готов!
Автор:
Miloš Krkeljić/ Hotel „Square Nine“
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise