Торти

Наполеон торта со крем од Плазма

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 1ч + 4ч ладење

Порција слика Величина: 8

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

Кори:

260 г ладен путер

460 г меко, пченично брашно

1 јајце

160 мл ладна вода

1 лажичка јаболков оцет

1/2 лажичка сол

Крем:

750 мл млеко

1 стапче ванила

6 жолчки

150 г шеќер

45 г скробно брашно

50 г путер во собна температура

50 мл слатка павлака

40 г шеќер во прав

100 г Мелена Плазма

Декорација:

100 г Мелена Плазма

Овошје по избор

1. Чекор

Најпрво замесете тесто за корите. Во измерено брашно додадете сол, измешајте, потоа додадете ладен путер, изрендан крупно. Втријте го путерот во брашното, направете вдлабнатина во средина, па во вдлабнатината додадете ги другите состојки: јајце, оцет и ладна вода. Замесете мазно, еластично тесто, и поделете го на 12 топчиња.

2. Чекор

Топчињата тесто нежно покријте ги со најлонска фолија, и ставете ги во фрижидер да отстојат отприлика 2 часа.

3. Чекор

Потоа загрејте ја рерната на 210 °C. Со хартија за печење обложите ги двете тепсии. Секоја топка тесто развлечете ја на набрашнета подлога до дијаметар од 22 цм. Кругот од тесто избоцкајте го со виљушка. Не е важно ако кругот не е правилен, бидејќи вишокот тесто се отсекува по печење. Тортата ќе биде со дијаметар од 18 цм, а тестото се собира со печење па затоа е важно тепсијата пред печење да биде со поголем дијаметар.

4. Чекор

Печете ја кората 7-8 минути во загреана рерна. Веднаш префрлете ја од хартијата за печење на кујнска крпа и со чинија од дијаметар 18 цм отсечете го вишокот тесто, а формираниот диск оставете го да се олади. Вишокот соберете го на страна. Продолжете со останатите 11 топчиња тесто. Додека се пече едната кората, подгответе ја другата и ставајте ја на другата тепсија обложена со хартија за печење.

5. Чекор

Додека топчињата тесто се во фрижидер, подгответе го кремот. Млекото измерете го во поголемо тенџере и ставете го стапчето ванила. Загрејте до вриење.

6. Чекор

Посебно измерете шеќер, скробно брашно и жолчки за да добиете смеса без грутки.

7. Чекор

Од врелото млеко тргнете го стапчето ванила. Во оваа смеса додајте врело млеко по малку за да се загреат жолчките. Така ќе спречите да се згрутчат.

8. Чекор

Топлата смеса со жолчки вратете ја во врелото млеко и мешајте на тивок оган додека не згусне.

9. Чекор

Врелата смеса тргнете ја од оган, додадете путер на собна температура и измешајте, потоа покријте ја со најлонска фолија површината на филот за да не се формира кора. Оставете да се олади на собна температура, потоа додатно оладете во фрижидер.

10. Чекор

Непосредно пред филување, изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав. На изладениот крем додадете Мелена Плазма и изматената слатка павлака и соединете се заедно.

11. Чекор

Во чинија на која ќе биде тортата ставете лажица од кремот, потоа првата кора. Над првата кора намачкајте 2-3 лажици од кремот, па ставете ја другата кора. Продолжете така до дванаесеттата кора. Тортата притиснете ја нежно и ставете во фрижидер. Немојте да го потрошите целиот крем.

12. Чекор

По 2 часа извадете ја тортата од фрижидер, пак притиснете нежно и премачкајте со остатокот од кремот по должина и површина. Вишокот од корите исечкајте ги ситно, и додадете им 50 г Мелена Плазма и со таа смеса обилно посипете ја тортата од сите страни. Оставете во фрижидер преку ноќ, потоа послужете.

Автор:

Milkica Crevar/Mimi’s Kingdom

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики