Плазма торта со чоколадо и шумско овошје
Основни информации:
Време на подготовка: 60 min.
Величина: 8
Сложеност:
Состојки:
КОРИ:
6 јајца
75 г шеќер
70 г Мелена Плазма
60 мл масло
60 мл млеко
40 г какао во прав
ЧОКОЛАДЕН ФИЛ:
180 мл слатка павлака
150 г чоколадо
30 г путер
50 г Плазма Чоко
ФИЛ ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ НА ТОРТА:
250 мл слатка павлака
70 г Мелена Плазма
60 г кисела павлака
ОВОШЕН ФИЛ:
4 супени лажици фил за премачкување на тортата
50 г одмрзнато шумско овошје
ГЛАЗУРА:
80 г слатка павлака
80 г чоколадо
Декорација:
Останат фил за премачкување на тортата
50 г Плазма Чоко
1. Чекор
Загрејте ја рерната на 180°C.
2. Чекор
Два кружни калапи со дијаметар 18 цм обложите ги со хартија за печење и оставете ги на страна.
3. Чекор
Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги во цврста пена. Во посебен сад изматете ги жолчките со маслото и шеќерот колку да се соединат, а потоа додајте Мелена Плазма, какао во прав и млеко и се соедините во една мазна смеса.
4. Чекор
Подготвената смеса додадете ја во изматените белки и измешајте полека за се добро да се соедини. Смесата рамномерно поделете ја во калапите кои сте ги подготвиле претходно и ставете во рерна на 25-30 минути.
5. Чекор
За да проверите дали се испечени корите, избодете со чепкалка во средина на кората, Ако чепкалката е сува кога ќе ја извадите, кората е готова. Испечените кори извадете ги од рерна и ставете ги на жица за ладење. Кога потполно ќе се оладат извадете ја хартијата за печење и исечете ги попречно така што од две ќе добиете четири кори.
6. Чекор
Додека корите се ладат подгответе го чоколадниот фил. Слатката павлака загрејте ја до вриење, тргнете од оган и додадете скршено чоколадо и путер. Оставете да отстои минута-две, и потоа со дрвена лажица измешајте за да добиете потполно мазна поретка смеса. Оставете ја да се олади на собна температура, а потоа со жица изматете за смесата да добие волумен и стане погуста. Додадете сечкана Плазма Чоко и оставете на страна.
7. Чекор
Слатката павлака изматете ја во цврст шлаг и додадете Мелена Плазма и павлака. Одвојте 4 лажици во посебна чинија и измешајте со шумското овошје.
8. Чекор
Кога ќе биде се спремно во чинија ставете лажичка од филот за премачкување на тортата за да се осигурете дека тортата нема да мрда и почнете да редите: кора, пола чоколаден фил, втора кора, фил за премачкување на тортата, овошен фил, трета кора, втор дел од чоколадниот фил и на крај четвртата кора. Тортата обложите ја со филот за премачкување, а остатокот ставете го во шприц кеса со ѕвездест додаток за да ја украсите тортата. Потоа тортата ставете ја во фрижидер 30 минути за да се олади.
9. Чекор
За тоа време подгответе глазура. Слатката павлака ставете ја да зоврие и тргнете од оган потоа додадете го скршеното чоколадо. Оставете минута-две да отстои и потоа измешајте за да добиете глазура со потполно мазна текстура. Глазурата оладете ја на собна температура и прелијте ја преку оладената торта. Кога глазурата ќе се стегне украсете ја тортата со филот кој го ставивте во шприцот и Плазма Чоко.
10. Чекор
Вашиот десерт е готов!
Автор:
Milica Šumaković/Milin Kuvar
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise