Јагода лимон торта
Основни информации:
Време на подготовка: 35 мин.
Величина: 8
Сложеност:
Состојки:
7 белки
140 г шеќер
70 г брашно
50 г Мелена Плазма
Изрендана кора од еден лимон
Прелив:
150 мл млеко
2 кесички ванилин шеќер
Крем:
600 мл млеко
7 жолчки
100 г шеќер
100 г брашно
250 г путер
Изрендана кора од два лимони
100 г Мелена Плазма
150 г јагоди
Декорација:
200 мл слатка павлака
100 г Мелена Плазма
Јагоди
1. Чекор
Округол калап со величина 21 цм со отстранливо дно обложите го со хартија за печење така што ќе го обложите дното и рабовите.
2. Чекор
Белките изматете ги со шеќерот.
3. Чекор
Додадете брашно, Мелена Плазма и кората од лимон и измешајте со шпатула.
4. Чекор
Смесата за кората истурете ја во калапот, печете 20 минути на 150 °C.
5. Чекор
Додека се пече кората сварете го млекото и ванилиниот шеќер и оставете да се олади.
6. Чекор
Готовата кора прелијте ја со млеккото со ванилин шеќер и оставете кората да го впие.
7. Чекор
Во поголема метална чинија ставете млеко да се вари на пареа.
8. Чекор
Жолчките, шеќерот, брашното и корите од лимон измешајте ги и истурете ги во млекото кога ќе зоврие.
9. Чекор
Гответе додека смесата не згусне.
10. Чекор
Во готвениот крем додадете путер и мешајте со жица додека путерот не се стопи и се измеша со кремот
11. Чекор
Додадете Мелена Плазма и оставете го кремот да се олади добро.
12. Чекор
Кога кремот е потполно ладен измешајте со плазма и истурете го врз кората.
13. Чекор
Исчистете ги јагодите, исечете на коцки и ставете ги преку кремот и потапкајте ги.
14. Чекор
Изматете ја слатката павлака, измешајте со лажица и нанесете рамномерно преку тортата.
15. Чекор
Декорирајте со јагоди.
16. Чекор
Вашата торта е готова!
Автор:
Plazma

Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica


Слични рецепти
2023 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise