Торти

Чоколаден Плазма чизкејк

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 40 мин + 2 часа за ладење

Порција слика Величина: 10

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

Состојки за подлогата:

300 г Мелена Плазма

2 лажици какао

180 мл млеко

125 истопен путер

Состојки за фил:

500 г крем сирење

500 мл слатка павлака

150 г шеќер во прав

300 г црно чоколадо

10 г желатин

Состојки за ганаш:

100 г црно чоколадо

100 мл слатка павлака

50 г Мелена Плазма

Декорација:

Свежи јагоди

Мини Плазма

1. Чекор

Во поголем сад соединете го стопениот путер, Мелената Плазма, какаото и млекото.

2. Чекор

Добиената смеса за подлога сипете ја во калап со дијаметар 26 цм.

3. Чекор

Распоредете ја подлогата рамномерно по дното на калапот и ставете го на ладење.

4. Чекор

Подгответе го желатинот според упатството од кесичката.

5. Чекор

Скршете го чоколадото на мали парчиња и истопете го на пареа.

6. Чекор

Изматете ја слатката павлака и додадете го шеќерот во прав и крем сирењето.

7. Чекор

Продолжете со матење додека сирењето не се соедини со павлаката.

8. Чекор

Стопете го набабрениот желатин и додадете го во смесата со сирење со постојано мешање.

9. Чекор

Стопеното чоколадо додадете го полека во смесата матејќи со миксер.

10. Чекор

Кога смесата ќе се соедини сипете ја во калап, рамномерено распоредете и тргнете ја на ладење.

11. Чекор

Додека се лади чизкејкот направете ганаш така што ќе ја стоплите слатката павлака, сипете ја над чоколадото и измешајте додека чоколадото не се растопи.

12. Чекор

Додадете Мелена Плазма и оставете го ганашот да се олади на собна температура најмалку половина час.

13. Чекор

Извадете го чизкејкот од калапот, прелијте со изладениот ганаш над чизкејкот, декорирајте со свежи јагоди и мини Плазма.

Автор:

Plazma

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики