Funfetti тортички
Торти

Funfetti тортички

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 45 min. + 30 min.

Порција слика Величина: 12

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

Бисквит: 

6 јајца

300 г шеќер

250 мл масло

500 мл јогурт

225 г брашно

150 г мелена плазма

1 прашок за пециво 

1 кесичка ванилин шеќер 

60 г шарени трошки

Фил:

3 лажици малини

50 г мелена плазма

Шлаг 


Декорација:

500 мл шлаг

Шарени трошки

1. Чекор

Загрејте ја рерната на 200 °C.

2. Чекор

Измешајте ги со миксер јајцата и шеќерот. Додадете масло и јогурт и измешајте. Додадете брашно, прашок за пециво и ванилин шеќер и измешајте полека. На крај додадете ги шарените трошки и измешајте.

3. Чекор

Поголема правоаголна тепсија обложите со хартија за печење. Истурете ја смесата во неа. Пред печење на бисквитот намалете ја температурата на 180°C и печете 30 минути или ако е потребно и малку подолго. Проверете дали е доволно печен со чепкалка во средина. Треба да излезе чиста. Кога ќе се испече бисквитот, оставете да се олади на собна температура.

4. Чекор

Додека се пече бисквитот, изматете шлаг и подгответе го филот.

5. Чекор

Малините измешајте ги со половина од шлагот и додадете плазма. Добро измешајте и оставете на страна.

6. Чекор

Со модла за крофни (кружна со дијаметар околу 10 цм) или помала модла исечете парен број кругови од бисквитот. Еден круг намачкајте во дебел слој од филот и поклопете со другиот круг. Повторете додека не ги потрошите сите кругови и добиете 5-6 тортички.

7. Чекор

Тортичките намачкајте ги со шлаг во тенок слој за да добиете ефект на “naked cake” и посипете со шарени трошки.

8. Чекор

Тортичките се многу сочни и можат да стојат 2-3 дена пред послужување во фрижидер.

9. Чекор

Вашиот десерт е готов!

9 Чекор

Автор:

Nevena Zelunka Cvijetić/ Hleb i Lale

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики