Плазма Carrot cake
Основни информации:
Време на подготовка: 1ч и 10 мин
Величина: 8
Сложеност:
Состојки:
Бисквит:
200 г брашно
1 кесичка сода бикарбона
Лажичка сол
300 г шеќер кристал
Лажичка цимет
Лажичка зачин за медењаци
4 јајца на собна температура
60 мл масло
180 г стопен путер браун
80 г Мелена Плазма
350 г рендан морков
50 г сечкани ореви
Фил:
450 г крем сирење
190 г шеќер во прав
100 г путер во собна температура
Екстракт од ванила
Рендана кора од лимон
1. Чекор
Вклучете ја рерната на 180 степени. Калапот за торта со дијаметар 22 цм обложите го со хартија за печење.
2. Чекор
Во сад измешајте ја Мелената Плазма, брашното, содата, шеќерот и зачините.
3. Чекор
Со миксер изматете ги јајцата во пена и додека мешате додајте путер и масло а потоа и лажичка екстракт од ванила.
4. Чекор
Во смесата од јајца додадете ја мешавината со сувите состојки и измешајте со рачна маталка додека не добиете компактна смеса.
5. Чекор
Додадете го ренданиот морков и оревите.
6. Чекор
Смесата префрлете ја во калапот за печење и печете 35 минути. После печење оставете ја кората потполно да се олади.
7. Чекор
Крем сирењето и омекнатиот путер изматете ги со миксер и додадете шеќер во прав матејќи со најмала брзина. Додадете ванила и кора од лимон.
8. Чекор
Изладениот бисквит пресечете го на пола, на едната половина намачкајте фил, ставете ја другата кора и намачкајте со остатокот од филот.
9. Чекор
Оставете ја тортата да се стегне, и декорирајте по желба.
Автор:
Plazma
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2024 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise