Печен Плазма чизкејк
Основни информации:
Време на подготовка: 1 час и 20 мин. + 12 часа за ладење
Величина: 6
Сложеност:
Состојки:
Кора:
180 г Мелена Плазма
75 г путер
Фил:
600 г крем сирење
300 г грчки јогурт
90 г шеќер
2 супени лажици брашно
½ кафена лажица сол
200 г Мелена Плазма
4 јајца
Декорација:
слатка павлака
30 г Мелена Плазма
50 г млечно чоколадо
1. Чекор
Загрејте ја рерната на 180°C.
2. Чекор
Калапот за торта со дијаметар од 21 цм со одвоиво дно обложите го со хартија за печење. Во еден сад измешајте ја Мелената Плазма и путерот па добиената смеса притиснете ја во дното на калапот.
3. Чекор
Во сад за матење измиксајте ги крем сирењето, грчкиот јогурт и шеќерот, потоа додадете брашно, сол и Мелена Плазма, и соединете се заедно. Намалете ја брзината на миксерот и додавајте едно по едно јајце.
4. Чекор
Со добиената смеса покријте ја кората од Мелена Плазма и ставете ја во рерна 45-50 минути.
5. Чекор
Кога чизкејкот ќе се испече, извадете го од рерна и оставете го да се олади на собна температура, потоа префрлете го во фрижидер и оставете го преку ноќ.
6. Чекор
Изматете слатка павлака и со неа декорирајте го чизкејкот пред послужување. Посипете го чизкејкот со Мелена Плазма и украсете со малку млечно чоколадо.
7. Чекор
Вашиот десерт е подготвен!
Автор:
Palachinka blog
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise