Песок торта со Плазма и фстаци
Основни информации:
Време на подготовка: 1 час и 30 мин. + 18 часа за ладење
Величина: 6
Сложеност:
Состојки:
3 кесички пудинг со вкус на ванила
150 г шеќер
1 л млеко
250 г путер
3 супени лажици шеќер во прав
100 г мелени несолени фстаци
220 г Мелена Плазма
100 г црно чоколадо со 70% какао
Декорација:
250 мл слатка павлака
Свежи јагоди
1. Чекор
Истурете ги пудинзите во чинија и измешајте со 100 мл млеко.
2. Чекор
Во тенџере истурете млеко и шеќер и ставете ги да се готват на среден оган.
3. Чекор
Кога млекото ќе зоврие, додадете го изматениот пудинг. Гответе на тивок оган мешајќи постојано додека не згусне.
4. Чекор
Подготвениот пудинг истурете го во поголема чинија и покријте со најлонска фолија за да не се направи кора додека се лади. Кога ќе се олади на собна температура, префрлете го во фрижидер и оставете го преку ноќ.
5. Чекор
Во сад за матење измиксајте ги путерот и шеќерот во прав за да добиете пенеста смеса, а потоа постепено додавајте го оладениот пудинг и соединете. Поделете ја смесата на 3 еднакви делови
6. Чекор
Црното чоколадо стопете го на пареа и оставете го да се олади. Во првиот дел на пудинг смесата додадете 200 г Мелена Плазма, во вториот мелените фстаци, а во третиот дел истопеното чоколадо и 20 г Мелена Плазма.
7. Чекор
Земете калап со одвоиво дно и обложите го со најлонска фолија. На дното истурете го слојот со Плазма, над него додадете го слојот со фстаци и на крај слојот со чоколадо. Покријте го калапот со алуминиумска фолија и оставете го во фрижидер за да се стегне тортата.
8. Чекор
Пред послужување извадете ја тортата од калапот и префрлете ја во чинија. Украсете со изматена слатка павлака и послужете со свежи јагоди.
9. Чекор
Вашиот десерт е подготвен!
Автор:
Ana V. Đurđević/Prstohvat soli
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise