Тарт со Плазма и малини
Основни информации:
Време на подготовка: 1 час и 30 мин.
Величина: 6
Сложеност:
Состојки:
Кора:
220 г путер
300 г Мелена Плазма
Цеден сок од еден портокал
Џем:
1 супена лажица желатин
300 г малини
5 супени лажици шеќер
1 стапче ванила
Шлаг:
200 г крем сирење
250 г слатка павлака
100 г Мелена Плазма
Декорација:
50 г Мелена Плазма
Свежи малини
1. Чекор
Потопете го желатинот во малку ладна вода и оставете го на отстои.
2. Чекор
Малините, шеќерот и ванилата ставете ги во тенџере и гответе со повремено мешање додека не добиете смеса која личи на џем.
3. Чекор
Растопениот желатин додадете го во џемот, измешајте добро и соединете па потоа префрлете го во чист сад во кој ќе се олади на собна температура.
4. Чекор
Мелената Плазма и изладениот путер соединете ги во мултипрактик така што ќе добиете ронлива смеса. Додадете сок од портокал и замесете тесто па потоа стиснете го во калап за тарт со одвоиво дно со дијаметар 24 цм.
5. Чекор
Покријте ги рамномерно дното и страните, а потоа калапот ставете го во фрижидер 45 минути за да се стегне кората.
6. Чекор
На оладената кора сипете го џемот од малини и ставете ја во фрижидер за џемот да се стегне потполно.
7. Чекор
Во меѓувреме со миксер изматете го крем сирењето додавајќи постепено од слатката павлака за да добиете цврст шлаг. На крај додадете Мелена Плазма, измешајте добро и ставете го шлагот во готварски шприц за украсување.
8. Чекор
Извадете го калапот од фрижидер и рамномерно стиснете од шлагот преку површината на тартот. Тартот украсете го со свежи малини и посипете со Мелена Плазма.
9. Чекор
Вашиот десерт е подготвен!
Автор:
Milica Šumaković/Milin Kuvar
Дали го пробавте овој рецепт?
Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica
Слични рецепти
2026 Copyright | All rights reserved | Политика на приватност | Контакт | Created by Webtise