Плазма сладолед со пијани брусници
Сладоледи

Плазма сладолед со пијани брусници

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 1 h 30 min. + 5–6 h za zamrzavanje

Порција слика Величина: 3

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

300 мл слатка павлака

300 мл млеко

1 стапче ванила

3 жолчки

100 г шеќер

200 г Мелена Плазма

70 г суви брусници

50 мл рум

 

1. Чекор

Прелијте ги брусниците со рум и оставете ги да отстојат. Во тенџере истурете ја слатката павлака и млекото, а потоа стапчето ванила пресечено на пола по должина и загрејте додека не зоврие.

2. Чекор

Жолчките изматете ги со шеќерот додека не станат бели, односно додека не станат пенести. Зовриената павлака и млеко тргнете ги од оган и една третина полека истурете ја во изматените жолчки со постојано матење за да не се формираат грутки.

3. Чекор

Добиената смеса истурете ја назад во тенџере и соединете се добро, потоа оставете да се олади.

4. Чекор

Додадете ја Мелената Плазма и брусниците заедно со румот. Измешајте се добро и истурете во пластичен сад па ставете во замрзнувач.

5. Чекор

Од време на време извадете го сладоледот од замрзнувач и измешајте добро за потешките состојки да не паднат во дното на садот.

6. Чекор

Вашиот десерт е готов!

6 Чекор

Автор:

Milica Šumaković/Milin Kuvar

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики