Сладолед од лаванда со Плазма
Сладоледи

Сладолед од лаванда со Плазма

Зачувај
Сподели

Основни информации:

Време на подготовка слика Време на подготовка: 1 h + 8–9 h za hlađenje i zamrzavanje

Порција слика Величина: 3

Сложеност слика Сложеност: 0Сложеност слика 1Сложеност слика 2Сложеност слика 3Сложеност слика 4Сложеност слика

Состојки:

2 жолчки

200 мл млеко

1 кафена лажица суви цветови од лаванда

2 супени лажици шеќер

50 г Мелена Плазма

50 г бело чоколадо

250 мл слатка павлака

 

Декорација:

50 г бело чоколадо

50 г Мелена Плазма

1 кафена лажица суви цветови од лаванда

1. Чекор

Истурете млеко во тенџере за готвење на пареа. Додадете ги цветовите од лаванда и лажицата шеќер и загрејте до вриење.

2. Чекор

Во посебен сад изматете жолчки со лажица шеќер додека не станат бели, а потоа полека додавајте малку загреано млеко со постојано мешање. Добиената смеса вратете ја назад во тенџерето со млеко и варете на тивок оган со постојано мешање додека смесата не згусне.

3. Чекор

Пред самиот крај додадете бело чоколадо и измешајте добро. Добиената смеса истурете ја во чинија и оставете некое време да се олади до собна температура, а потоа ставете во фрижидер на 3-4 часа за да се олади потполно.

4. Чекор

Изматете ја слатката павлака и неа додадете ја во смесата која ја ставивте во фрижидер. Измешајте се добро и ставете во замрзнувач да се стегне. На секои 20 минути извадете ја смесата од замрзнувач за да ја измешате. Cмесата вратете ја во замрзнувач за потполно да се стегне.

5. Чекор

Истурете во изладени чаши и украсете со бело чоколадо исечено на ленти, Мелена Плазма и цветови од лаванда.

6. Чекор

Вашиот десерт е готов!

6 Чекор

Автор:

Olivera Senić/Ja u kuhinji

Уживај со Плазма слика

Дали го пробавте овој рецепт?

Доколку одговорот е Да, сликајте го задоволството и тагнете ја @plazma_zvanicna или употребете #plazmaslatkarnica

Плазма деликатес слика
Дали го пробавте овој рецепт?

Cene proizvoda su preuzete sa vebsajtova prodavaca. Cene i raspoloživost mogu da variraju u zavisnosti od lokacije.

Uspešno ste se prijavili za newsletter!

Некои приказни се по слатки кога се само твои!

Пријави се на нашиот билтен и биди во тек со приказните на Плазмаслаткарница кои ги подготвуваме секоја недела само за тебе

Пријавете се на нашиот билтен за слики